Достапни линкови

Таџикистан- бунтовниците го предаваат оружјето


Владини претставници на Таџикистан соопштија дека членови на вооружената група која дејствуваше во источниот дел на земјата почнале да го предаваат своето оружје како дел од примирјето со владата. Министерството за внатрешни работи соопшти дека досега повеќе од 60 проценти од оружјето е предено. Во замена за тоа, владата вети дека тие нема да се соочат со обвиненијата. Во борбите минатата недела загинаа најмалку 17 војници, 30 милитанти и повеќе од 20 цивили. Борбите почнаа кога владините сили започнаа операција во регионот Горно-Бадакшан, по атентатот на висок претставник на безбедносните сили на 21 јули. Владата се уште трага по четири лица за кои смета дека се одговорни за атентатот на генералот.
XS
SM
MD
LG