Достапни линкови

logo-print

Организаторите на Олимпијадата ги пополнуваат празните места


Од Организацискиот Комитет на Олимписките игри во Лондон соооштија дека ги собираат билетите за кои мислат дека нема да се користаат и они кои ќе се препродаваат, за да ги пополнат празните места. Портпаролката на Комитетот рече дека околу 3000 билети од разни настани денеска се понудени на продажба на интернет и дека сите биле продадени. Таа рече дека организаторите го намалиле бројот на акредитирани седишта за 15 отсто и дека само британските жители може да ги купат новите билети што се нудат. Досега на Олимпијадата на некои настани имаше доста празни места , што предизивика критики за организаторите кои претходно тврдеа дека се е распродаено. Организаторите велат дека тоа се местата кои биле резервирани за акредитирани спортски функционери и членови на медиумите кои не успеале да присуствуваат на настаните.
XS
SM
MD
LG