Достапни линкови

logo-print

САД бескорисно потрошиле 200 милиони долари во Ирак


Поранешна воена американска база во Ирак.

Поранешна воена американска база во Ирак.

Американската влада „бескорисно“ потрошила 200 милиони долари наменети за обука на ирачката полиција. Во финансискиот извештај објавен денеска се наведува дека полициската програмата за развој требало да трае 5 години и во тоа време да се обучуваат безбедносните сили по заминувањето на американската војска. Во извештајот се вели дека иако биле потрошени повеќе од 200 милиони долари за реконструкција и изградба на два објекти во кои требало да се одвива обуката сепак тие подоцна биле затворени без да се користат.
XS
SM
MD
LG