Достапни линкови

logo-print

Тимошенко побара дозвола да отсуствува од судење


Поранешната премиерка на Украина Јулија Тимошенко побара од властите да и дозволат да го пропушти судењето за затајување на данок кое треба да продолжи утре. Од затворт каде што е сместена соооштуваат дека таа поднела официјално барање да и биде дозволено да отсуствува. Германските доктори кои ја испитуваат здравствената состојба на Тимошенко изјавија дека ќе и бидат потребни уште осум недели закрепнување. Судењето минатата недела беше одложено за 31, затоа што Тимошенко одби да присуствува велејќи дека има здравствени проблеми. Таа се наоѓа на издржување на седумгодишна затворска казна за злоупотреба на службената должност додека била премиер.
XS
SM
MD
LG