Достапни линкови

Репортери без граници загрижени за казната на новинар во Казахстан


Новинарот Лукпан Ахмедјаров.

Новинарот Лукпан Ахмедјаров.

Од организацијата Репортери без граници ја осудуваат одлуката на судот во Казахстан да се казни еден новинар против кој се водеше спор за клевета. За Репортери без граници, одлуката на судот може „финансиски да го загуши новинарот.“ Лукпан Ахмедјаров беше прогласен за виновен во случајот кој против него го водеше еден локален политичар. Новинарот мора да му исплати околу 33 илјади долари на оштетениот. Во април истиот новинар преживеа напад со нож и пиштол. Тој тврди дека тужбата и нападот проитив него се политички мотивирани.
XS
SM
MD
LG