Достапни линкови

За мнозинството граѓани интеграцијата во ЕУ и НАТО нема алтернатива


Повеќе од 60 проценти од граѓани во Македонија без разлика на етничката припадност сметаат дека членството во ЕУ и НАТО се стратешка ориентација на државата и не гледаат алтернатива на евроатлантските интеграции, покажало истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка(МЦМС).
Граѓаните биле прашувани за надворешната политика на Македонија и односите со Европската унија, во поглед на стратешката ориентација и постигнувањата на Владата на тој план. Теренска анкета била спроведена од 19 до 26 јули на репрезентативен примерок од 1.600 испитаници.
Истражувањето покажало дека над 30 проценти од етничкитe Македонци сметаат дека надворешната политика се води во вистинска насока наспроти 29 процени кои сметаат дека се води во погрешна. Кај етничките Албанци, пак, 42,6 отсто од испитаниците имаат перцепција дека насоката е погрешна, наспроти 20,6 отсто за кои таа е вистинската. Постои етничка поделеност во перцепцијата за посветеноста за членство во ЕУ. За етничките Македонци, ЕУ не е посветена на членството, за етничките Албанци Владата не е посветена.
XS
SM
MD
LG