Достапни линкови

Ново поскапување на горивата


Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за два денара по литар, а цената на дизел горивата се зголемува за три денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Според новата цена отсега бензинот ќе чини 82,50 односно 84 денари за литар, а дизелот ќе се продава по цена од 71, 50 денари. Екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 60 денари за литар.
Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од Регулаторната комисија ја посочуваат повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите две недели и повисокиот курс на доларот во однос на денарот.
XS
SM
MD
LG