Достапни линкови

Во струмичко се уште гори


Илустрација.

Илустрација.

Пожарот над Струмица се уште е активен. Сега се гасне само од копно, но се очекува денеска повторно да се интервенира од воздух со два авиона, информираат од Центарот за управување со кризи. Синоќа околу 21 часот, избувнал пожар кај село Нивичино, општина Василево. Пожарот е се уште активен, а од раните утрински часови на гаснење на овој пожар интервенираат 10 лица од Шумското стопанство „Беласица“ Струмица.
Од ЦУК информираат дека пожарот меѓу селата Љубојно и Долно Дупени е локализиран. Доцна синоќа целосно е изгаснат и пожарот во атарот на струшките село Долно и Горно Татеши.
XS
SM
MD
LG