Достапни линкови

Помали пензии за идните пензионери


Илустрација: Сегашните вработени ќе бидат посиромашни пензионери.

Илустрација: Сегашните вработени ќе бидат посиромашни пензионери.

Прво, власта ги намали придонесите за пензиско осигурување и Фондот за пензиско снема пари, па сега ќе ги намалува пензиите за идните пензионери.

Со новиот закон за пензиско и инвалидско осигурување нема да се подобри стабилноста на пензискиот систем, а најголемиот удар ќе го почувствуваат граѓаните, односно идните пензионери, анализираат експертите. Поранешната директорка на МАПАС, Зорица Апостолска препознава популизам во намерата на власта преку предвиденото намалување на пензиите за следната година да го пополни постоечкиот дефицит во пензискиот систем.
Фондот има дефицит, дефинитивно, се доплаќа од буџетот секој месец. Од една страна, зошто ги намалуваат придонесите? Како политика, во 2009 година се намалија сите социјални придонеси, меѓу кои и пензискиот и што се случи, почна Фондот да има недостиг на пари и сега затоа вакви мерки ќе се прават.

„Една од суштинските измени коишто има влијание врз пензиите е намалување на заменската стапка, односно процентот со кој се определува пензијата. Тие предлагаат тоа да почне до јануари 2013 година. За овие што се скоро до пензионирање нема некое големо влијание врз пензијата, но ќе има поголем ефект врз тие што имаат помал стаж и што треба да бидат пензионери веќе во догледно време.“
Пензионери во Битола, илустрација.

Пензионери во Битола, илустрација.


Предвидените измени, според Апостолска, може да предизвикаат баланс во Фондот, оти целта е да се предизвика помала маса на исплата на пензии. Сепак, во услови на намалени придонеси за пензиско и инвалидско осигурување тешко дека ќе се обезбеди стабилен и сигурен пензиски систем, предупредува Апостолска.
Европа старее, Македонија старее. Со самото стареење се зголемува бројот на пензионери, бројот на корисници, продолжува животниот век, а со самото тоа и периодот на години во кои пензионерите земаат пензија се продолжува. Значи повеќе пари треба за пензии, а помал е бројот на активно население кое создава.

„Фондот има дефицит, дефинитивно, се доплаќа од буџетот секој месец. Од една страна, зошто ги намалуваат придонесите? Како политика, во 2009 година се намалија сите социјални придонеси, меѓу кои и пензискиот и што се случи, почна Фондот да има недостиг на пари и сега затоа вакви мерки ќе се прават.“

Доцнењето со исплата на пензиите постојано го отвора прашањето за иднината на пензискиот систем. Владата мора да најде начин да им ги исплаќа пензиите на граѓаните, вели професор Јован Пејковски, според кој, отежнувачка околност е зголемениот број на пензионери, наспроти работоспособното население кое создава.

„Сега се јавува една друга парадоксална ситуација – стареењето, Европа старее, Македонија старее. Со самото стареење се зголемува бројот на пензионери, бројот на корисници, продолжува животниот век, а со самото тоа и периодот на години во кои пензионерите земаат пензија се продолжува. Значи повеќе пари треба за пензии, а помал е бројот на активно население кое создава.“

Дополнетиот предлог на Законот за пензиско и инвалидско осигурување веќе ги подели пратениците во собранието. Опозицијата смета дека власта не може да се фали со покачувања на пензиите, кога веќе од следната година бара начин да им ги намали. Власта се брани дека во овој период пензиите растат до 36 проценти, особено за најниските категории, додека во времето на СДСМ немало никакво покачување. Власта уверува дека намалувањето на пензиите ќе биде минимално, односно 1,2 отсто до 2020 година или 0,2 отсто на годишно ниво. СДСМ, пак, тврди дека не може да се зборува за повисоки пензии во ситуации кога сè што треба да платат пензионерите е поскапено двапати.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG