Достапни линкови

Грција депортира странски државјани


Грција депортира уште 32 странски државјани од различни националности во рамки на денешната полициска операција. Депортирани се 28 Пакистанци, еден државјанин на Бангладеш, двајца Алжирци и еден државјанин на Египет. Против нив се издадени решенија за депортација поради незаконски престој во Грција.
Трошоците за депортирањето ќе бидат преземени од европскиот фонд.

За Грција незаконската имиграција се претвори во сериозен проблем. Во земјата има околу 1,5 милиони имигранти, голем дел од нив присуствуваат нелеголно. Крајнодесната грчка партија „Златна зора“, која веќе е парламентарна сила, повикува да бидат депортирани сите имигранти.
XS
SM
MD
LG