Достапни линкови

Панета: прашање на време кога Асад ќе падне


Американскиот секретар за одбрана Леон Панета

Американскиот секретар за одбрана Леон Панета

Американскиот секретар за одбрана Леон Панета изјави дека нападите на сирискиот режим во градот Алепo претставуваат уште една пример дека претседателот Башар ал Асад продолжува да дејствува против сопствениот народ. Панета кој престојува во Тунис додаде дека е јасно оти веќе не станува збор за тоа дали туку кога ќе падне режимот на претседателот Асад. Во меѓувреме во вториот по големина сиријски град Алепо се интензивираат борбите меѓу владините сили и бунтовниците. Има извештаи дека градот го напуштиле над 200 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG