Достапни линкови

Најкоментирана посетата на Бан Ки-мун


Прошетка на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, со претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов во Охрид.
Прошетка на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, со претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов во Охрид.

Посетата на шефот на ОН Бан Ки-мун на Македонија и текстовите поврзани со неа се најкоментирани на нашата интернет страна.

Посетата на првиот човек на ОН, Бан Ки-мун и заедно со него и медијаторот во преговорите со Грција за името, Метју Нимиц, уште предизвикува реакции кај нашите слушатели, но се чини повеќе на ставовите на експертите дека зголемениот притисок од САД и од другите меѓународни фактори всушност значи нивна зголемена загриженост за безбедноста на Балканот.

Тито и сите комунисти беа аматери спрема денешниве властодршци. Во титово време можеше секој да работи. Ако не е од партија можеби ќе имаше послабо работно место, ама можеше да работи.
Коментар од читател.
Во коментарите на нашата веб страница, Јордан од Скопје и Миле од Охрид ги сметаат консултираните експерти, професорите Малеска и Кадриу за „предавници“ и „шовинисти“ - како што пишуваат, а Миле дури го повикува Кадриу, тој и Албанците во Македонија, со сопствен пример да покажеле како се правел компромис. А МКД им забележува на новинарите на Радио Слободна Европа што не објавиле дека Бан Ки-мун ги поддржал нашите ставови и нашето право во спорот со Грција.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун се обрати во Собранието на Македонија.
Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун се обрати во Собранието на Македонија.
Нашето редовно неделно ТВ-интервју со директорот на Институтот за национална историја, Тодор Чепреганов, кој вели дека во Македонија историјата се дискутира и по кафеани, го испровоцирало истиот граѓанин, МКД кој смета дека на прашањата на нашиот новинар, кои биле тенденциозни, историчарот одговарал професионално и објективно, но Нордланд од Битола смета дека и Чепрганов е дел од оние кои имаат вина во македонската историографија поради тоа што толерирал, во наводници, „научни пројави“, како оние на Маркос, Донски, Тентов, Бошевски и дека и ние сме имале свои, како што вели, Божидар Димитрови, во моментот вмровските историчари Никола Жежов и Виолета Ачковска, на кои, според него, Зоран Тодоровски можел вода да им носи.

Слушателот МКД, ги коментира и ставовите на Новица Наков, познат блогер и истакнат член на заедницата за слободен софтвер, во младинската он-лајн колумна за состојбите во македонското новинарство, со прашањето кој го финансира, вели, исто како и новинарите на РСЕ, чичко Сем или ЦИА? Анонимен граѓанин до МКД упатува едно прашање: „А ти, од кого си - од Грујо енд мафиа?“.

Граѓанската активистка Тамара Атанасоска во својот дел од младинската он-лајн колумна ја анализира партизираноста на нашево општество и вклученоста на 100-те најдобри студенти во владините реклами за „новиот бран“, а Симеон од Битола и Коки коментираат дека Тито и комунистите беа аматери, вели, спрема денешниве властодршци и дека во тој поглед сме станале како Кореја каде вештачки се тера политика и луѓето на сила се третираат од партиски кадри и под партиски притисок.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG