Достапни линкови

Тимошенко кандидат на опозицијата за наредните избори


Украинската обединета опозиција денеска ја вклучи затворената поранешна премиерка Јулија Тимошенко на листата кандидати за парламентарните избори закажани за 28 октомври. Оваа одлука беше донесена на денешниот конгрес на опозицијата во Киев. Тимошенко отслужува казна затвор од седум години за злоупотреба на службената должност. Таа се соочува и со второ судење за финансиски малверзации. Тимошенко ги отфрли обвинувањата и ги оцени како политички мотивирани.
XS
SM
MD
LG