Достапни линкови

logo-print

Сервер: Македонија во НАТО како дел од поширок план за регионот


Даниел Сервер

Даниел Сервер

Грција треба да го дозволи приемот на Македонија во НАТО под времената референца, а сите земји од регионот на Балканот треба да се согласат дека ќе ги прифатат највисоките можни стандарди на малцински права, пишува американскиот аналитичар Даниел Сервер во неговите предлози за обезбедување стабилност на Балканот, пред се наменети, како што вели, да се избегне опасноста од менувањето на балканските граници. ,,Ова е спор во кој едниот мора да победи, а другиот да загуби. Ако Атина добива, Скопје губи, и обратно,, вели Сервер, кој како најдобро можно решение ја гледа одлуката на Грција да ги спроведе Времената спогодба и пресудата на Меѓународниот суд на правдата и да прифати прием на Македонија во НАТО под времената референца. Сервер додава дека во тој случај Грција би можела да се надева и на дополнителна финансиска помош. Како главна причина за загриженост во регионот, Сервер ги наведува повиците за менување на границите. ,,Ако прекројувањето почне може да се прошири од Косово и Македонија барем до Босна, и дури и до Кипар. Тоа е нешто што треба да ги загрижи Грците, а не името на нивниот северен сосед, оценува Сервер.
XS
SM
MD
LG