Достапни линкови

logo-print

Басеску го „преживеа“ референдумот за негово разрешување


Суспендираниот романски претседател Трајан Басеску.

Суспендираниот романски претседател Трајан Басеску.

Суспендираниот романски претседател Трајан Басеску „го преживеа“ референдумот за негово разрешување. Според романското централно изборно биро, референдумот е неважечки затоа што на гласање излегле околу 46 отсто од регистрираните избирачи. За успешност на референдумот беше потребна излезност од над 50 отсто.

Басеску, кој ги повика граѓаните да го бојкотираат референдумот, доцна синоќа изјави дека Романците „го поништиле референдумот со тоа што не учествувале на него“. Парламентарното мнозинство на премиерот Виктор Понта го суспендираше Басеску и распиша референдум за негово разрешување. Тие го обвинуваат претседателот за пречекорување на овластувањата и за мешање во работите на владата. Басеску ги негира овие обвинувања.
XS
SM
MD
LG