Достапни линкови

Северна Индија остана без струја


Илустрација.

Илустрација.

Голем дефект на електричната дистрибутивна мрежа во северна Индија остави многу градови без струја, а стотици илјади граѓани останаа без железнички превоз. Главниот град Њу Делхи, вклучително и метрото, како и низа болници се без струја. Енергетските власти соопштија дека ќе бидат потребни околу 12 часа за целосно враќање на струјата во осум држави на северот на Индија, меѓу кои и Њу Делхи, Пенџаб, Харјана и Раџастан. Тие соопштија дека до најголемиот дефект на електричната мрежа во изминативе 11 години дошло поради тоа што некои држави повлекле повеќе струја од одобреното за да ја задоволат зголемената побарувачка во текот на летото.
XS
SM
MD
LG