Достапни линкови

Иран- Конфликтот во Сирија може да се одрази на цел свет


Бунтовниците дефинитивно ќе бидат поразени, изјави сирискиот министер за надворешни работи, Валид ал Муалем кој денеска престојува во ненајавена посета на клучниот сојузник Иран. Тој одржа заедничката прес-конференција со иранскиот министер за надворешни работи Али Акбар Салехи. Салехи рече дека доколку конфликтот во Сирија се влоши, а режимот на претседателот Башар ал-Асад падна, последиците ќе го зафатат регионот и пошироко целиот свет. Во меѓувреме шефот на опозицискиот сириски Национален совет побара од странските држави да ги вооружаат бунтовниците.
XS
SM
MD
LG