Достапни линкови

Николиќ - На Србите во Косово им се заканува геноцид


Претседателот на Србија Томислав Николиќ.

Претседателот на Србија Томислав Николиќ.

Претседателот на Србија Томислав Николиќ во интервју за британски Гардијан изјавува дека Србите не Косово живеат во постојана опасност дека над нив ќе биде извршен геноцид. Тој вели дека обидот на Приштина да им наметне власт на Србите може да доведе до нивен егзодус. Според Николиќ постои таква опасност Приштина да се обиде да ја наметне својата власт на Србите. Единствено присуството на НАТО силите во тој регион ја спречуваат Приштина да се обиде да ја наметне својата власт над Србите, вели Николиќ.
XS
SM
MD
LG