Достапни линкови

Во Јордан отворен камп за бегалци од Сирија


Во Јордан денеска е отворен прв камп за Сиријци кои бегаат од насилството во нивната земја. Околу 142 илјади Сиријци побарале засолниште кај јужниот сосед и секојдневно доаѓаат по околу 2.000 нови, велат јорданските власти. Кампот е отворен на 11 километри од границата со Сирија . Властите во Јордан велат дека бегалците им создале проблеми, со оглед на тоа што земјата се соочува со недостаток на вода и електрична енергија.
Јордан е една од десетте најсиромашни земји во однос на водните ресурси, а имаат и проблеми со снабдувањето со електрична енергија затоа што милитантите често го бомбардираат гасоводот од Египет, која ги снабдува електраните во Јордан.
XS
SM
MD
LG