Достапни линкови

ФФМ доби нов претседател


Илчо Ѓорѓиоски е новиот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Единствената кандидатура на Ѓорѓоски со акламација беше одобрена од 110-те делегати присутни на денешното вонредно Генерално собрание на ФФМ што се одржа во Охрид.

„ Македонскиот фудбал има иднина. Оваа укажана доверба за мене претставува огромна обврска пред целата македонска, а пред се фудбалската јавност. Ветувам 24 часа посветеност во работата, транспарентност и дисциплина што ќе ја барам од сите“, рече новиот претседател на ФФМ, притоа изразувајќи уверување дека идниот период ќе значи нова атмосфера и враќање на довербата во македонскиот фудбал.

На Собранието едногласно беше усвоен и Предлог-статутот на ФФМ, изготвен од работна група на ФИФА, УЕФА и ФФМ, чие усвојување беше предуслов за избегнување суспензија на Федерацијата од Европската и Светската фудбалска асоцијација.

На чело на Фудбалската федерација на Македонија изминатите десет години беше Харалампие Хаџи-Ристески, кој на 17. овој месец поднесе неотповиклива писмена оставка на функцијата.
XS
SM
MD
LG