Достапни линкови

Повторно активен пожарот кај Струмица


Илустрација.

Илустрација.

Пожарот над Струмица на местото викано Двата пата, каде што вчера беше локализиран повторно е активен. Како што соопшти Дирекцијата за заштита и спасување, теренот е непристапен и не може да делуваат сили од копно.
Активен е и пожар во атарот на село Требичино, општина Василево, каде во моментов интервенира екипа на ТППЕ Струмица, како и дел од месното население.
Од страна на Општината Василево, за гаснење на овој пожар побарано е и помош од воздух, односно интервенција со авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, кои во моментов се упатени на местото на пожарот.
Минатонеделниот пожар кај Струмица зеде три жртви, двајца браќа вработени во Македонски шуми починаа како резултат на изгорениците здобиени при гаснењето на позарот, а третата жртва почина денеска.
XS
SM
MD
LG