Достапни линкови

logo-print

ДУИ предизбодно нема да колиција ниту со ВМРО -ДПМНЕ ниту со СДСМ


Али Ахмети на предизборен митинг на ДУИ, 2011

Али Ахмети на предизборен митинг на ДУИ, 2011

Демократската Унија за Интеграција нема да прави предизборна коалиција нити со СДСМ ниту со ВМРО-ДПМНЕ, а ќе продолжи само со сојузништвото со албанскиот народ.
За ДУИ „Петрол коалицијата“ меѓу СДСМ и ДПА има за цел да го наруши принципот на двојното мнозинство што ја гарантира консензуалната демократија.
„Откако ја изневери вољата на Албанците во 2006 година, кога ги узурпира институциите на земјава без волјата на Албанците, Тачи и ДПА го подготвуваат теренот за да го повторат непочитувањето на албанскиот глас“, соопшти ДУИ.

Од таму повикуваат ДПА да не ги крие своите срамни намери за да се протне во владата низ задната врата, туку да се соочи со Албанскиот народ и да го прифати поразот.
Во соопштението од ДПА се вели дека граѓаните Албанци ги ценат демократските вредности инсталирани од страна на ДУИ и не ги прифаќаат касапааните егзекутирани од страна на ДПА и затоа ниту една предизборна Петрол каоалиција нема да успее да го победи лидерот на ДУИ“, се вели во соопштението.
XS
SM
MD
LG