Достапни линкови

Нема повеќе празни седишта на трибините на ЛОИ


Британската јавност критикување за бројните празни седишта, на првиот натпреварувачки ден, затоа што Организациониот комитет од поодамна тврди дека сите влезници се распродадени.

Претседателот на Организациониот комитет на Олимпијадата во Лондон, лорд Себастијан Коу изјави денеска дека во натамошниот тек на Игрите „нема да има проблем со празни седишта на трибините“ во салите и по терените каде се одвиваат натпреварите.
Во овој период, од првите два, три дена се уште има многу специјални гости и т.н. акредитирани зони, кои може да се слуци да останат празни,но тоа во понатамошниот тек од Игрите ќе исчезне и сите трибини ќе бидат за гледачите.

Изјавата на Коу е реакција на острата реакција во британската јавност на бројните празни седишта, на првиот натпреварувачки ден, затоа што Организациониот комитет од поодамна тврди дека сите влезници се распродадени.

Лондонските медиуми пренесуваат делови од реакцијата во јавноста, во која доминира прашањето, зашто има празни места на трибините, кога луѓето сакаат да присуствуваат, но им се објаснува дека нема влезници.

Ако се ова народни олимписки игри, тогаш дајте му на народот да ја гледа Олимпијадата. Медиумите тврдат дека празните седишта се од квотата влезнци што им се распределени на спонзорите.

„Бритиш ервејз“, „Кока кола“, енергетската компанија ЕДФ, „Мекдоналдс“ и туристичкиот гигант „Томас Кук“, денеска категорично демантираат дека тие се виновни што трибините не се секаде полни.

На вечарашните натпревари, празни трибини имаше на гимнастичките натпревари, на пливањето, одбојката, па дури и на терените за тенис на Вимблдон, каде дури и првиот меч на Роџер Федерер, на централниот терен се одигра пред полупразен стадион.

Дадени се влезници на спонзорите, на семејствата на припадниците на армијата, како и на училиштата од реонот на Стратфорд каде е Олимпискиот парк, што од разни причини вчера не беа пополнети, но тоа не е ниту срамота, ниту скандал за било кого, реагираше лорд Коу.

„Во овој период, од првите два, три дена се уште има многу специјални гости и т.н. акредитирани зони, кои може да се слуци да останат празни,но тоа во понатамошниот тек од Игрите ќе исчезне и сите трибини ќе бидат за гледачите“, изјави претседателот на Организациониот комитет, лорд Коу.
XS
SM
MD
LG