Достапни линкови

Меркел и Монти ќе сторат сé да ја заштитат еврозоната


Германската канцеларка Ангела Меркел.

Германската канцеларка Ангела Меркел.

Германската канцеларка Ангела Меркел и италијанскиот премиер Марио Монти ветија дека ќе сторат сé што е потребно да ја заштитат еврозоната, соопштуваат од Кабинетот на Меркел. Владиниот портпарол соопшти дека Меркел и Монти синоќа имале телефонски разговор за состојбите во еврозоната. Монти ја прифатил поканата на Меркел за посета на Берлин во втората половина на август. Претходно Меркел разговараше со францускиот претседател Франсоа Оланд. И по нивниот разговор следеше заедничка изјава дека се решени да сторат сé за да ја заштитат еврозоната.
XS
SM
MD
LG