Достапни линкови

logo-print

Турција ќе стори се за да спречи сепаратизам


Министерот за надворeшени работи на Турција Ахмет Давутоглу .

Министерот за надворeшени работи на Турција Ахмет Давутоглу .

Турските власти денеска повторија дека ќе направат се да се спречи зајакнувањето на сепаратистичка организација на пограничната територија со Сирија. Министерот за надворeшени работи на Турција Ахмет Давутоглу рече дека нема да се дозволи воспоставување на „терористички структури“ во блиина на границата со Турција. Било да се работи за Ал Каеда или за ПКК тоа ќе го сметаме за прашање од национална безбедност и ќе ги преземеме сите чекори, изјави Давутоглу. Турција стравува дека во тој регион курските бунтовници може да најдат прибежиште. ПКК се бори против турските власти од 1984-та и бараат независност во југоисточниот дел на земјата.
XS
SM
MD
LG