Достапни линкови

Македонија и нуди помош на Грција за железницата


Локомотива на железничка станица Скопје.

Локомотива на железничка станица Скопје.

Македонија и понуди помош на Грција да се нормализира железничкиот сообраќај меѓу двете земји кој неколку денови е во прекин, изјави портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев. Понудата за расчистување на теренот и санирање на пругата кај месноста Поликастро во Грција била доставена преку железницата, преку Министерството за транспорт и врски и официјално-дипломатски преку Министерството за надворешни работи понуди. Но до овој момент македонските власти немаат добиено одговор. Пред седум-осум дена на железничката линија се превртеле неколку вагони од композиција која се движела на истата таа железничка рута и затоа е прекинот, рече Ѓорѓиев.

„Добивме само известување дека во следниот период оваа опасност по железничкиот сообраќај ќе биде отклонета со што повторно би се нормализирал сообраќајот помеѓу две земји“, изјави владиниот портпарол.
XS
SM
MD
LG