Достапни линкови

logo-print

Сирискиот Национален совет бара итен состанок на ОН


Луѓе го напуштаат Алепо.

Луѓе го напуштаат Алепо.

Сирискиот опозициски Национален совет денеска побара итен состанок на Советот за безбедност на ОН, за да се спречи масакар на цивилите во Алепо. Во соопштението на Советот се наведува дека војската со тенкови го окупирала Алепо и дека „илјадници луѓе“ се спремаат да кренат во офанзива во тој град, јавува Франс прес. Затоа Националниот совет го повикува Советот за безбедност на ОН да одржи итен состанок на кој ќе се разгледа ситуацијата во Алепо, Дамаск, Хомс и да се преземат чекори за заштита на цивилите. Во Алепо два дена траат пресметките меѓу владините сили и бунтовниците.
Според најновите податоци на сириската Опсерваторија за човекови права вчера во Сирија загинале 168 луѓе. А од почетокот на конфликтот пред 16 месеци загинале повеќе од 20 илјади, меѓу кои 14 илјади цивили.
XS
SM
MD
LG