Достапни линкови

Таџикистан- дел од бунтовниците го положуваат оружјето


Дел од бунтовниците во Горно-Бадахшанскиот автономен реон во Таџикистан почнале да го предаваат оружјето на претставници на армијата. Засега не се соопштува колку луѓе го положиле оружјето. Од таџикистанското Министерство за внатрешни работи велат дека ќе ги амнестираат бунтовниците кои доброволно го положиле оружјето. Во преговоирите со побунениците биле вклучени и активисти за женски права и верски лидери, се наведува во соопштението од Министерството. Во минатонеделните судири во Горно-Бадахшанскиот автономен реон загинале 17 припадници на безбедносните сили, 30 милитанти и еден цивил. Борбите започнаа со воената операција на владините сили по убиството на еден генерал минатата сабота.
XS
SM
MD
LG