Достапни линкови

Почина уште еден од повредените во пожарот кај Струмица


Повредените во пожарот кај Струмица хоспитализирани во Градската болница во Скопје

Повредените во пожарот кај Струмица хоспитализирани во Градската болница во Скопје

На Клиниката за хирушки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје, синоќа почина уште едeн од повредените во пожарот кај Струмица. Синоќа починал 30-годишниот струмичанец Митко Георгиев. Тој беше еден од повредените во пожарот кој избувна на 23 јули кај Струмица. Пред неколку дена од повредите во пожарот во ист ден починаа и браќата Стојкови вработени во „Македонски шуми“.
На Клиниката се наоѓаат уште двајца луѓе повредени во пожарот. Лекарите велат дека еден од нив е во тешка состојба, но дека се прават напори за негово излекување. Другото лице е во стабилна општа состојба.
XS
SM
MD
LG