Достапни линкови

Кофи Анан повика на воздржаност во Сирија


Меѓународниот мировен пратеник, Кофи Анан.

Меѓународниот мировен пратеник, Кофи Анан.

Во сирискито глад Алепо втор ден се водат жестоки борби меѓу владините трупи и бунтовничките сили. Во битката за контрола на комерцијалниот главен град на земјата владата користи хеликоптери и артилериски гранати. Тие ги напаѓаат населебите кои се под контрола на бунтовниците. Активистите за човекови права стравуваат дека многу цивили може да бидат повредени или убиени во насилството. Меѓународниот мировен пратеник, Кофи Анан, ги повика двете страни да покажат воздржаност и да работат во корист на политичко решение за ставање крај на 16-месечниот конфликт.
Во меѓувреме сирискиот министер за надворешни работи, Валид ал Муалем е во посета на Техеран на разговори со иранските власти за состојбата во Сирија.
XS
SM
MD
LG