Достапни линкови

logo-print

Авганистан- убиени гувернер на област и неговиот син


Гувернер на област во Авганистан и неговиот син биле убиени вчера во напад од страна на вооружени бунтовници, соопштија тамошните власти. Портпаролот на централната покраина Вардак, изјави дека Исмаил Вафа, гувернер на областа Чак бил убиен кога вооружени лица отвориле оган врз неговиот автомобил. Синот на гувернерот бил ранет во нападот, но подоцна им подлегнал на повредите. Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот.
XS
SM
MD
LG