Достапни линкови

Ромни ќе подржи израелски воен нaпaд против Иран


Републиканскиот претседателски кандидат Мит Ромни.

Републиканскиот претседателски кандидат Мит Ромни.

Републиканскиот претседателски кандидат Мит Ромни ќе поддржи воен напад против Иран за да се спречи развивање на нуклеарно оружје, изјави помошникот на Ромни за национална безбедност Дан Сенор, на прес конференција во Израел. Тој изјави дека Ромни „ќе ги почитува“ одлуките на израелските власти да користат воена сила против Иран за да се запре неговата нуклеарна програма. Израелските власти сметаат дека Иран може да ја искористи за напад на Израел. Ромни денеска се состана со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
XS
SM
MD
LG