Достапни линкови

logo-print

Во Сирија битка за Алепо


Силите на сириската влада продолжуваат со целодневните напади во делови на градот Алепо, при тоа користејќи тенкови, хеликоптери и борбени авиони велат извештаите што доаѓаат оттаму. Бунтовниците велат дека им се спротивставуваат на војската и дека вчера уништиле тенкови но нема независна потвррда на тие извештаи. Освен во апело, борби се водат и во градот Хомс и во провинциите Хама и Дереа. Активистите за човекови права велта дека најмалку дваесетина луѓе досега починале во борбите во Алепо. Во меѓувреме, Русија предупреди дека „трагедија“ демне над Алепо, град со повеќе од 2 милиони луѓе во близина на границата со Турција. Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров изјави дека е нереално да се очекува дека владата ќе стои на страна, додека вооружени бунтовници ги окупираат поголемите градови.
XS
SM
MD
LG