Достапни линкови

Топлотен бран на територијата на цела Македонија


Топлотен бран од жолта денеска ќе ја зафати територијата на целата држава, информира Министерството за здравство.

Температурата според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи ќе се движат од 33 до 41 степен, а висок УВ индекс
9.
Од Министерството посочуваат дека согласно Акцискиот план, здравствените институции во државата се подготвени за обезбедување здравствена заштита на евентуалниот зголемен број пациенти поради влијанието на високите температури.
На населението му се препорачува заштита од дирекна сончева изложеност, избегнување на престој на отворено во периодот од 11 до 16 часот, консумација на лесна храна и течности, хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица, потенцираат од Министерството за здрвство.

Мало опаѓање на температурата за некој степен се најавува од утре, а поголемо од среда и четврток
XS
SM
MD
LG