Достапни линкови

Нема прекин на огнот во Таџикистан


Запален објект во градот Хорог во провинцијата Горно-Бадахшан.

Запален објект во градот Хорог во провинцијата Горно-Бадахшан.

Милитантите кои се судрија со таџикистанските безбедносни сили одбиле да го положат оружјето и покрај прекинот на огнот, сооштија таџикистанските власти. Во нивното соопштение се вели дека милитантите повторно почнале да собираат приврзаници и да повикуваат на вооружен отпор. Во судирите оваа недела загинале 17 припадници на безбедносните сили, 30 милитанти и еден цивил. Таџикистанските власти почнаа воена операција во провинцијата Горно-Бадахшан, откако на 21 јули беше убиен генералот Абдуло Назаров. По неколкудневните судири, властите во Душанбе повикаа на прекин на огнот и положување на оружјето.
XS
SM
MD
LG