Достапни линкови

Албански кревач на тегови, прв спортист исклучен поради допинг


Илустрација.

Илустрација.

Албанскиот кревач на тегови Хисен Пуљаку е првиот спортист кој е фатен дека користел допинг на Олимпијадата во Лондон, откако тестовите покажаа дека го користел стероидот стенозолол. Тестот бил извршен пред 5 дена. Пуљаку е 10-ти кревач на тегови што е фатен да се допингува на една Олимпијада од 2000 година.

Двајца турски кревачи на тегови беа исфрлени поради допинг уште пред да почне Олимпијадата. Десетина спортисти беа исфрлени поради допинг пред почетокот на игрите во Лондон.
XS
SM
MD
LG