Достапни линкови

Русија стравува од „трагедија“ во Сирија


Цивилите го напуштаат Алепо, откако бунтовниците го зазедоа градот на 25 јули.

Цивилите го напуштаат Алепо, откако бунтовниците го зазедоа градот на 25 јули.

Русија предупреди дека на повидок е „трагедија“ во Сирија, откако армијата почна голема контра-офанзива против бунтовниците во вториот по големина град во земјата Алепо. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека било нереално да се очекува дека владата ќе стои настрана додека вооружените бунтовници ги окупираат големите градови.

Опозициската Сириска опсерваторија за човекови права, повикувајќи се на информации од опозициските активисти, соопшти дека армијата, поддржана од борбени авиони и хеликоптери, се судрила со бунтовниците во јужните и источните предградија на градот.

Западните земји изразија стравувања од масакр во Алепо, град со над два милиони жители близу до границата со Турција.
XS
SM
MD
LG