Достапни линкови

logo-print

Убиецот од Колорадо се лечел од шизофренија?


Осомничениот Џејмс Холмс.

Осомничениот Џејмс Холмс.

Осомничениoт за масакрот за време на проекцијата на најновото продолжение на Бетмен во кино во Колорадо, пред да го изврши нападот во кој загинаа 12 луѓе, посетувал психијатар специјализиран за шизофренија. Одбраната на осомничениот Џејмс Холмс побара пристап до документите што осомничениот наводно му ги испратил на психијатарот Лин Фентон пред нападот. Се претпоставува дека во нив Холмс го опишува масакрот што планира да го изврши. Тој е осомничен за увиство на 12 луѓе и за ранување на 58. Напаѓачот се наоѓа во притвор, а в понеделник и официјално ќе биде обвинет.
XS
SM
MD
LG