Достапни линкови

logo-print

Отворени 30. Летни олимписки игри во Лондон


Олимпискиот оган.

Олимпискиот оган.

Игрите официјално ги прогласи за отворени британската кралица Елизабета Втора, која на стадионот пристигна со хеликоптер од Бакингемската палата во придружба на глумецот Даниел Крејг, легендарниот британски филмски таен агент 007 Џејмс Бонд.

Со свечена церемонија на новоизградениот Олимписки стадион во Лондон доцна синоќа беа отворени 30. Летни Олимписки игри, на кои ќе учествуваат повеќе од 10.000 спортисти од 204 земји.

Игрите официјално ги прогласи за отворени британската кралица Елизабета Втора, која на стадионот пристигна со хеликоптер од Бакингемската палата во придружба на глумецот Даниел Крејг, легендарниот британски филмски таен агент 007 Џејмс Бонд.

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов присуствуваше на церемонијата одржана пред 60.000 гледачи, меѓу кои се наоѓаа повеќе од 80 шефови на држави и Влади, како и бројни личности од светот на шоу бизнисот.

На отворањето на ЛОИ му претходеше спектакуларна тричасовна церемонија во која се вложени 27 милиони фунти, а манифестацијата под името „Островот на чудата“, со која е отсликана богатата историја на Велика Британија, ја режираше оскаровецот Дени Бојл. Британците се потрудија во програмата која траеше еден час и половина да опфатат од индустриската и социјалната револуција, преку војните и книжевноста, па се до популарната култура, филмот и музиката. Церемонијата претставуваше одличен спој на минатото, сегашноста и иднината.

Знакот за почеток на свечената церемонија го даде британскиот велосипедист Бредил Вигинс, трикратен олимписки шампион и победник на годинешниот „Тур де Франс“, со удирање во 23 тони тешкото ѕвоно на Олимпискиот стадион.

По обраќањето на претседателот на Организацискиот комитет на ОИ 2012 Себастијан Коу и претседателот на МОК Жак Рог, церемонијата заврши со палење на олимпискиот оган и настапот на легендарната британска музичка ѕвезда Пол Макартни.
Спортистите ќе се натпреваруваат во 29 спортови, а Игрите во Лондон ќе ги обезбедуваат повеќе од 18.000 британски војници.

Свечената церемонија за затворање на ОИ ќе се одржи на 12 август.
XS
SM
MD
LG