Достапни линкови

logo-print

Владините сили од хеликоптери стрелаат во Алепо


Сириските активисти на опозицијата јавија дека владините трупи отвориле оган од хеликоптери врз неколку населби на вториот по големина град на Сирија од Алепо. Армиските сили од вчера се трупаат на периферијата и затоа се очекува голема офанзива против бунтовниците. Се јавува дека во Сирија денеска биле убиени речиси 30 луѓе. Високиот комесар на ОН за човекови права Нави Пилај изрази загриженост во врска со непотврдените информации за вонсудски убиства во предградието на Дамаск од страна на режимските сили. Пилај изјави дека "зголемената употреба на тешко оружје, тенкови, хеликоптери и дури и борбени авиони во урбаните средини ги става цивилите во сериозен ризик.
XS
SM
MD
LG