Достапни линкови

САД - за вработување е потребен поголем напредок


Советникот Алан Кругер и Претседателот на САД Барак Обама

Советникот Алан Кругер и Претседателот на САД Барак Обама

Преседавачот на економскиот Советот на Белата Куќа Алан Кругер изјави дека американската економија и натаму расте и покрај слабиот втор квартал.
Тој сепак призна дека за успех во вработувањето и надоместување на загубените места при рецесијата која почна во 2007, е потребен поголем економски напредок.
Во вториот квартал економијата порасна за 1,5 насто што е најслабо од третиот квартал во 2011. И покрај тоа што ова се очекуваше, високата невработеност може да му наштети на Претседателот Барак Обама на претседателските избори во Ноември.
XS
SM
MD
LG