Достапни линкови

СДСМ - „Розовиот театар на Никола Груевски“


Единствено што направи Груевски, според СДСМ, е огромната пералница на пари „Скопје 2014-та“ за која само досега потроши 350 милиони евра народни пари.

Во реакцијата на СДСМ по повод отчетот на премиерот Никола Груевски за 12-те месеци работа на оваа влада се вели дека опозицијата е секојдневно на терен, меѓу граѓаните, со народот, и нивните секојдневни проблеми. Реалноста, како што е соопшти оваа партија апсолутно не содејствува со „розовиот театар што се обидува да го продаде премиерот Никола Груевски“.
Благодарение на неговите погрешни политики во изминатите шест години Македонија се губи во бесперспективност, стана светски првак во економско-социјална мизерија, се гуши во неликвидност, невработеност и огромна сиромаштија. Заради погубните политики на Груевски во Македонија денес се загрозени човековите слободи и права, има недостаток на основни демократски вредности, нема медиумска слобода, а патот кон ЕУ и НАТО целосно е блокиран.
СДСМ.

СДСМ му препорачува на Груевскји да излезе од блендираниот Мерцедес, меѓу луѓето и да се соочи со суровата слика, и крајно негативните последици од неговото шест годишно владеење.

„Благодарение на неговите погрешни политики во изминатите шест години Македонија се губи во бесперспективност, стана светски првак во економско-социјална мизерија, се гуши во неликвидност, невработеност и огромна сиромаштија. Заради погубните политики на Груевски во Македонија денес се загрозени човековите слободи и права, има недостаток на основни демократски вредности, нема медиумска слобода, а патот кон ЕУ и НАТО целосно е блокиран“, се наведува во соопштението.

Натаму се вели дека Македонија под водството на ВМРО-ПДПНЕ и Никола Груевски не виде ниту една капитална инфраструктурана инвестиција, ниту еден енергетски објект или било какво добро од кое полза ќе видат сите граѓани и генерациите кои доаѓаат.

Единствено нешто што направи Груевски, според СДСМ, е криминалниот проект и огромната пералница на пари „Скопје 2014-та“ за која на споменици, камен, бронза, фасади и скапи огради само досега потроши 350 милиони евра народни пари. Овој криминален проект до крајот ќе ги чини граѓаните повеќе од половина милијарда евра.

На денешниот отчет повторно не добивме одговор од премиерот Груевски каде отидоа 18 милијарди евра буџетски средства, кои заклучно со 2012 година ќе ги потроши актуелната власт на Никола Груевски?

Граѓаните ќе ги казнат овие погрешни политики на Груевски. Ниту една скапо платена реклама нема да може да ја измени реалноста, се наведува во соопштението на Центарот за Комуникации на Социјал Демократскиот Сојуз на Македонија.
XS
SM
MD
LG