Достапни линкови

Грција мора да го исполни ветеното ако сака пари


Меѓународните кредитори побараа од Грција да примени новите реформи за намалување на трошоците доколку сака да го добие ветениот пакет помош. Претставниците на ЕК, ММФ и ЕЦБ оваа порака му ја упатија на грчкиот премиер Андонис Самарас денеска во Атина. Тие побараа од Самарас да го испoлни ветеното и покрај тоа што во Грција на мерките се гледа како на многу тешки за земјата. Како дел од мерките за штедење Грција од 15,8 насто во 2009 дојде до 9,1 насто буџетски дефицит минатата година.
XS
SM
MD
LG