Достапни линкови

Груевски - Стабилност во време на криза


Архивска фотографија.
Архивска фотографија.

Во отчетот за една година влада, премиерот Груевски рече дека во изминатата година владата има над 380 целосно завршени и над 470 започнати проекти.

Македонија, според премиерот Никола Груевски, оди напред, а реформите се спроведуваат и покрај предизвиците. Денеска во владата, во придружба на сите министри, Груевски одржа прес-конференција на која даде отчет за сработеното во текот на изминатата година од изборот на владата.
Немаше зголемување на даноци, ниту, пак, намалување на плати или пензии или социјална помош или земјоделски субвенции, иако некои тоа го бараа, туку напротив, продолживме со намалување на даноците. Не дозволивме девалвација на денарот или, пак, дисторзија во финансискиот систем на земјата, немаше масовни отпуштања од компаниите и не се одзеде ниту едно стекнато право на граѓаните. Македонија во 2012 година беше прогласена за трет најдобар реформатор на листата на Светската банка во годишното издание наречено Дуинг бизнис, а на вкупната листа се искачи на 22 место пред 19 земји-членки на ЕУ. Во 2011 година, Македонија се вброи во првите седум земји со највисок економски раст во Европа. Македонија денес е четврта најмалку задолжена земја во Европа со надворешен државен долг од 26,8 отсто.
Write your quote footer here...

Тој рече дека владата останала на зборот и ги исполнила дадените ветувања.

Се водевме од петте основни стратешки определби, рече Груевски – зголемување на економскиот раст и вработеност, интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО, борба против корупцијата и криминалот, одржување добри меѓуетнички односи и инвестирање во образованието и науката и поддршка на земјоделството.

Тој рече дека во изминтата година владата има над 380 целосно завршени проекти и над 470 започнати.

Во ова време на светска и европска криза обезбедивме стабилност и поминавме со помали лузни во однос на другите држави, рече Груевски.

„Немаше зголемување на даноци, ниту, пак, намалување на плати или пензии или социјална помош или земјоделски субвенции, иако некои тоа го бараа, туку напротив, продолживме со намалување на даноците. Не дозволивме девалвација на денарот или, пак, дисторзија во финансискиот систем на земјата, немаше масовни отпуштања од компаниите и не се одзеде ниту едно стекнато право на граѓаните. Македонија во 2012 година беше прогласена за трет најдобар реформатор на листата на Светската банка во годишното издание наречено Дуинг бизнис, а на вкупната листа се искачи на 22 место пред 19 земји-членки на ЕУ. Во 2011 година, Македонија се вброи во првите седум земји со највисок економски раст во Европа. Македонија денес е четврта најмалку задолжена земја во Европа со надворешен државен долг од 26,8 отсто. Годините се тешки, за светот, за Европа, а бидејќи и Македонија е дел од светските и европски текови и процеси, ги споделуваме и заедничките предизвици и проблеми и ние се трудиме да ги подобриме состојбите или, пак, да го намалиме ефектот од негативните надворешни влијанија.“

Груевски ги посочи, како што рече, позитивните извештаи од ЕУ и препораката за преговори, како и исполнетите услови за членството во НАТО и рече дека Македонија не ги почнала преговорите со ЕУ и не е членка на НАТО само поради Грција.

Груевски ги набројуваше завршените, почнати и најавени проекти, странски инвестиции и вработувањата што тие ќе ги донесат, вложувањата во инфраструктурата, донесените закони и одлуки, најавите за набавка на нови возови и автобуси, изградба на катни гаражи, чистење на речни корита, воведувања евтини летови со Визер, одлука за увоз на половни автобуси, полициските акции, заплените на дрога и оружје, како што рече, навремената исплата на субвенциите на земјоделците, распределбата на државно земјоделско земјиште, легализација на земјоделската механизација, како и другите проекти за помош на земјоделството, минималната плата, бесплатната бања за пензионерите, финансиската помош за децата без родители, инвестициите во здравството...
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG