Достапни линкови

logo-print

Контингент војници на АРМ се врати од Авгнистан


Во гарнизонот во Тетово денеска се одржа свеченост по повод враќањето на контингентот на Првата механизирана пешадиска бригада по завршувањето на нивната шестмесечна мисија во меѓународните мировни сили на ИСАФ во Авганистан.
Министерот за одбрана Фатмир Бесими истакна дека со оваа мисија бројот на војници на АРМ што учествувале во ИСАФ во Авганистан надмина 2.000, а вкупно во мисии надвор од Македонија бројката достигна 2.800 војници и старешини или 35 отсто од составот на АРМ кои дале свој придонес за глобалниот мир.

Началникот на Генералштабот на АРМ генерал мајор Горанчо Котески истакна дека е среќен и горд затоа што мисијата беше извршена во најдобар ред и што сите нејзини припадници се вратија живи и здрави во Македонија.
XS
SM
MD
LG