Достапни линкови

Таен договор за компромис со Грција?


Претседателот на опозициската ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски во интервјуто за неделникот „Фокус“ открива дека има сомнеж оти владата на премиерот Никола Груевски има таен договор за компромис со Грција.
Георгиевски во интервјуто признава дека го сменил своето мислење дека Груевски никогаш нема да прифати компромис за името.
Во меѓувреме кабинетот на македонскиот премиер соопшти дека Никола Груевски во наредните месеци ќе се воздржува од какви било коментари кои се однесуваат на спорот за името или се од суштинско значење на односите меѓу двете земји и нема да одговара на прашањата на новинарите на овие теми.Целта е неговите изјави да не биле злоупотребени од страна на Грција.
XS
SM
MD
LG