Достапни линкови

Полициските станици навечер под клуч, а безбедноста?


Затворањето на станиците за време на викенд и нивното неработење по 10 часот навечер значи оставање на граѓаните сами на себе, велат дел од упатените.

Дали новото работно време на полициските станици во Скопје ја доведува во прашање безбедноста на граѓаните? Затворањето на станиците за време на викенд и нивното неработење по 10 часот навечер значи оставање на граѓаните сами на себе, велат упатените. Поранешната директорка на Полициската академија, Слаѓана Тасева вели дека ваквиот модел на работа е неприфатлив, зашто полициските станици се местата каде што во секое време може да се обратат граѓаните кога имаат каков било проблем.
Од секогаш било така и секаде е така, тоа се првите места кадешто кој било граѓанин се обраќа кога ќе се најде во каква било неволја или кога ќе се случи безбедносен проблем. Полициска станица не е само полицаец во униформа којшто треба некого да приведе, туку таа полициска станица има многу поголемо значење.
Слаѓана Тасева, поранешна директорка на Полициската академија.

„Од секогаш било така и секаде е така, тоа се првите места кадешто кој било граѓанин се обраќа кога ќе се најде во каква било неволја или кога ќе се случи безбедносен проблем. Полициска станица не е само полицаец во униформа којшто треба некого да приведе, туку таа полициска станица има многу поголемо значење“, вели Тасева
Архивска фотографија: Изложба на цртежи на деца од градинката Пролет на тема - „Полицаецот е нашиот најдобар пријател“.
Архивска фотографија: Изложба на цртежи на деца од градинката Пролет на тема - „Полицаецот е нашиот најдобар пријател“.

Станиците навечер ќе се заклучуваат, а пред нив има само полициски службеник во чуварница кој ќе ги сослушува граѓаните. Доколку граѓаните во вечерните часови имаат потреба од полиција ќе мораат да отидат во единствената дежурна полициска станица во Скопје. Присуството на други мобилни единици низ градот не го решава проблемот со безбедноста, посочува Тасева.

„Што ќе прават Алфите во случај кога се во прашање семејни насилства или прашања на напади на деца или ситуации кои се навистина многу специфични и каде што треба веднаш и во прв момент специфично да се постават.“
Моделот постои, го има во повеќе држави, пред сè во Франција, значи се концентрираат средствата и кадарот на одредени позиции, сега ни беа расплинати насекаде, а фактички кога ќе беше потребно не беа никаде.
Тихомир Климоски, претседател на полицискиот синдикат.

Од македонскиот полициски синдикат засега се резервирани за ефектот кој ќе го предизвика новото работно време на полициските станици. Првиот човек на Синдикатот, Тихомир Климоски вели дека овој модел на работа на станиците значи рационализација во работата со кадар и средства.

„Моделот постои, го има во повеќе држави, пред сè во Франција, значи се концентрираат средствата и кадарот на одредени позиции, сега ни беа расплинати насекаде, а фактички кога ќе беше потребно не беа никаде.“

Дел од полициските службеници се жалат на оваа новина во работењето, бидејќи по скратувањето на патните трошоци, сега им се скратуваат и ноќните дежурства. Од синдикатот појаснуваат дека тоа нема да значи намалување на платите на полициските службеници, туку само скратување на можноста за дополнителни приходи.

„Досегашната поставеност продуцираше такви работни часови, значи сакале или не мораше да работат и ноќе, мораше да работат и прекувремено во одредени ситуации и тие часови носеа дополнителен приход. Сега, со оваа поставеност околу 1.500 до 2.000 луѓе ќе бидат лишени од тој дел.“

Упатените посочуваат дека сепак најважно од сè друго е како оваа мерка ќе се одрази врз безбедноста на граѓаните, а не на личните примања на полицајците, чија првенствена задача е да ги заштитуваат граѓаните.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG