Достапни линкови

logo-print

ОН се загрижени за цивилите во Алепо


Нави Пилај

Нави Пилај

Високиот Комесар за ќовекови права на ОН Нави Пилај ги повика владините сили и бунтовниците околу Алепо во Сирија да ги поштедат цивилите од борбите. Таа изјави дека ОН се загрижени за безбедноста на околу 2 милиона граѓани во Алепо. Се јавува дека бунтовниците и граѓаните на вториот по големина град на Сирија се подготвуваат за очекуваниот масивен напад на владините сили. Бунтовниците под контрола имаат половина од градот. Владината авијација стрелела врз цели на бунтовниците додека копнените сили добиле засилување и се преструктуирале за напад. Во меѓувреме, сирискиот парламентарец од Алепо денеска изјави дека пребегнал во Турција. Иклас ал Бадави изјави дека тоа го направил поради бруталноста и репресијата врз оние кои бараат минимум права.
XS
SM
MD
LG