Достапни линкови

logo-print

Олимпијадите би требало да се за победи и добро спортско однесување. Но работите не секогаш се такви. Има и моменти кои воопшто немаат врска со спортот.

Свеченото отварање на летните Олимписки игри во Лондон, денеска, под името „островот на чудата“ симболично е во 20.12 часот на Олимпискиот стадион во англиската престолнина. На дефилето на репрезентациите, прва традиционално ќе биде Грција, од каде потекнуваат Олимписките игри, а потоа по азбучен ред ќе продефилираат сите учесници. Последни ќе бидат Британците.

Со подигнувањето на олимпиското знаме и интонирањето на химната, ќе биде положена заклетвата за фер натпреварување. На отворањето присутвуваат многу странски државни делегации, меѓу кои и од Македонија. Претседателот Ѓорге Иванов имено од 26 до 28 јули престојува во работна посета на Лондон, по повод свеченото отворање на 30-тите Летни олимписки игри.
Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун ќе го носи Олимпискиот факел на последниот ден од штафетата низ Лондон до стадионот на кој ќе бидат отворени Игрите. Бан в четврток навечер ја презеде шфетата во присуство на претседателот на Меѓународниот Олимписки комитет Жак Рог.

„Тоа е голема чест за генералниот секретар“, изјави заменик портпаролот на Светската организација Едуардо дел Буеј, наведувајќи дека Бан длабоко верува во значењето на спортот за развојот и мирот во светот.

Генералното собрание на Обединетите нации во минатиот октомври усвои резолуција со која како во античко време ги повикува сите земји во светот во текот на Олимписките игри во Лондон ги прекинат непријателствата и да га почитуваат примирјето.
И ова е дел од Олимписките игри

Најмногу грижа предизвикува алкохолот, а во тоа, како што велат познавачите, предничи рускиот тим. Во мај, руската влада и јавно соопшти дека на нејзината екипа, значи не само на спортистите, во Лондон строго ќе и биде забрането пиење алкохол. Москва не соопшти зошто, но руските репрезентативци многу ги разочараа сонародниците пред две години кога на Зимската Олимпијада во Ванкувер донесоа само 14 наместо предвидените 50 медали. Наместо на спортските теренеи, тимот брилјираше на дивите забави. На една од нив дури биле употребени две имитации на бензински пумпи од кои се точело вотка за гостите.

Но, пиењето не е единството лошо однесување. Тука и непристојното позирање пред камери. Овој месец австралискиот Олимписки комитет соопшти дека ќе казни двајца пливачи и ќе ги врати дома затоа на Фејсбук постирале слики во кои биле со оружје.
Но, пиењето не е единството лошо однесување. Тука и непристојното позирање пред камери. Овој месец австралискиот Олимписки комитет соопшти дека ќе казни двајца пливачи и ќе ги врати дома затоа на Фејсбук постирале слики во кои биле со оружје.

Со години списокот на неспортските работи што биле напаравени толку порасна што би можело да организира и своевидна Олимпијада на непрситојно однесување. Во Атина 2004 година, иранскиот џудист Араш Миресмаили се прејал ноќта пред мечот, по што беше дисквалификуван поради прекумерна тежина. Тој изјави дека тоа го сторил со цел да не се бори со претставникот од Израел. Некои олимпијци пак воопшто ги употребуваат сите можни средства, дури и допингот, за да стигнат до победата. Канадскиот спринетр Бен Џонсон стана славен кога победи на трката на сто метри во 1988 година во Сеул. Но, набрзо по трката му беше одземен медалот бидејќи се покажа дека употребил забранети средства. Има и случаи како со шведскиот борач Ара Абрахамиан кој на Олимпијадата во Пекинг 2008 го фрли бронзениот медал на под како знак на протест што загуби од италијанскиот ривал. Тоа му донесе дисквалификација.

Членовите на рускиот хокеарски тим пак во Јапонија 1998 година ги растурија нивните соби во Нагано бидејќи беа елиминирани од турнирот. Како и да е, можеби ова не се убави моменти за Олимписките игри, но тие некако би биле нецелосни без нив.

Бан Ки Мун ќе го носи Олимпискиот факел.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG