Достапни линкови

Конференција на Херитиџ - Македонија во НАТО на следниот самит


Американската фондација Херитиџ, која во пресрет на самитот на НАТО во Чикаго беше една од најактивните за поддршката на македонското членство, вчера во Вашингтон организираше конференција за состојбите во Jугоисточна Европа на која нивните експерти изразија надеж дека Македонија ќе стане членка на следниот самит на НАТО.
- „Многу беше разочарувачки што Македонија не го доби своето тешко заработено членство во НАТО на самитот во Чикаго.Ова прашање е единственото што го попречува членството на Македонија во НАТО, и Грците кои сега се зависни од милоста на Европа, би требало и самите да ги подржат своите соседи. Државниот секретар Хилари Клинтон изрази надеж дека Чикаго ќе биде последен самит на НАТО без проширување. Лично, јас сметам дека Македонија би требала да стане членка на НАТО уште утре, но реално, тоа најверојатно ќе се случи веќе на следниот самит на НАТО“ изјави аналитичарот Лук Кофи, кој пред самитот во Чикаго беше коавтор на труд на Херитиџ со кој повика Македонија да добие покана за членство.
XS
SM
MD
LG